Функционално родителство
ФУНКЦИОНАЛНО РОДИТЕЛСТВО
Родителството се учи. И се учи до крајот на животот.
На родителството му го должиме развивањето на цивилизацијата. А денес токму тоа е во своевидна криза — не затоа што родителите се полоши, туку затоа што цивилизациските и технолошките промени често се побрзи и помоќни од самиот родител.
Оваа обука не ви нуди рецепти. Ви нуди процес: реструктурирање и реорганизација на сопствените пристапи. Она што веќе го правите како родител ќе го видите од нов агол — ќе препознаете што функционира, и ќе знаете како да го смените она што не функционира.
Знаењето само по себе не менува ништо. Она што менува е повторувањето и вежбањето. Низ нив знаењето станува вештина, а вештината станува родителска компетенција — функционален пристап на кој можете да се потпрете и тогаш кога е најтешко.
И тој пристап не останува само дома. Функционалното родителство е позитивна база за сите ваши односи со луѓето, вклучително и за етичкото и функционално водење во деловна средина — таму истиот пристап го нарекуваме менторство.
Како е структурирана обуката
Намерно е направена да тече природно. Во почетните епизоди сте во просторија со реални учесници кои поставуваат реални прашања — веројатно истите што и вие си ги поставувате. Без вишок дигитални алатки и продукциски ефекти. Водителот не гледа во камерата, затоа што ова не е промоција, декларација ниту проглас.
Ова е разговор на кој присуствувате.
Започнете од првата епизода.