ИЗБОР НА ФУНКЦИОНАЛНА ИНТЕРПЕРСОНАЛНА КОМУНИКАЦИЈА

Средно • MK
ИЗБОР НА ФУНКЦИОНАЛНА ИНТЕРПЕРСОНАЛНА КОМУНИКАЦИЈА

ИЗБОР НА ФУНКЦИОНАЛНА ИНТЕРПЕРСОНАЛНА КОМУНИКАЦИЈА

Комуницираме цел живот. Тоа не значи дека знаеме што е комуникацијата.

Што е всушност комуникација? Како се остварува? И поради што човекот има речиси биолошка потреба за неа?

Ова предавање дава одговор низ 16 концепти — шеснаесет различни референтни рамки кои, поставени заедно, ја составуваат целосната слика на процесот на комуникација. Секоја од нив го покажува истото однесување од друг агол.

Патем се разбиваат и предрасудите: она што сме сигурни дека го знаеме за комуникацијата, а не е точно.

Комуникација низ 16 референтни теориски рамки

  1. Комуникација според трите базични потреби поради кои индивидуата сака да комуницира
  2. Комуникација според развојните потреби кои влијаат врз неа и ја одредуваат
  3. Комуникација според интерперсоналните потреби
  4. Комуникација според начинот на кој се применува
  5. Комуникација според темперамент
  6. Комуникација според видливост
  7. Комуникација според важност
  8. Комуникација според нивоата на кои се остварува
  9. Комуникација според насоката на опсервација
  10. Комуникација според тоа од кој дел на индивидуата се остварува кон надвор
  11. Комуникација според деловите на личноста на двете индивидуи меѓу кои се остварува
  12. Комуникација според тоа од кој дел на индивидуата се остварува кон внатре
  13. Комуникација според внатрешните родителски уверувања наречени драјвери
  14. Комуникација според персоналната адаптација по П.Ц.М. — PCM, Process Communication Model (Taibi Kahler)
  15. Комуникација според степен и обем на игнорирање на содржината во комуникацијата и околината
  16. Комуникација според ставот и пристапот кон себе, другиот и околината

Не мора сите шеснаесет да ви легнат од прв пат. Почнете од оние што ви се најлесни за разбирање и проширете ги со дополнителни информации и дискусија. Останатите потоа стануваат многу полесни.

Секој концепт што ќе го препознаете е еден избор повеќе во следниот разговор. А изборот е тоа што ја прави комуникацијата функционална.